Нема притвор за професорите од Економскиот факултет


Б.Ш., Д.Ј., С.Р., Т.Ф., И.Ј, С.Д. и Б.С., асистентот Д.Д. и сопственикот на бифето Д.Т. се осомничените лица по вчерашниот упад на полицијата во Економскиот факултет во Скопје. Утрово судија по претходна постапка не одредил притвор на ниту еден од осомничените.fakulteti2-500

Шестмина однив се професори на Економскиот факултет, еден е асистент и еден сопственик на факултетското бифе.

Според Основното јавно обвинителство, постои основано сомневање за земање поткуп од студенти, сексуални услуги за оценки, посредување и за злоупотреба на службена должност и овластувања.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков за целиот случај „Еразмус“ во 13 часот ќе одржи конференција за медиумите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1