Нема работа за Балканци во Франција – воведува квоти за работници од земјите кои не се членки на ЕУ


Франција за прв пат ќе воведе квоти за работници кои одаѓаат од земји кои не се членки на Европската Унија, а кои ќе може да влезат во земјата.

Оваа новина денеска ја најави министерката за труд , Мјуриел Пенико.

Таа истакна дека квотите ќе бидат воведени до летото 2020 , додавајќи дека владата ќе изготви список на релевантни занимања што ќе бидат опфатени со тие квоти, иако приоритет е враќање на Французите на пазарот на трудот.

„Нашиот приоритет е да им помогнеме на Французите да се вратат на пазарот на трудот. Само тогаш ќе се свртиме кон бегалците и ќе им дозволиме да најдат работа. И доколку се уште има потреба од работна сила, ќе ги донесеме луѓето што ни се потребни во корист на државата и компаниите “, изјави француската министерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1