Доколку граѓаните досега ги пријавувале сите приходи согласно законот, нема да имаат никакви проблеми со новиот закон, смета економистот Горан Рафајловски.
Главната грижа кај граѓаните е дали ќе бидат даночени и парите испратени до роднините во дијаспората. Рафајловски објаснува:
Од УЈП велат дека законот во поглед на приливите од странство нема да се менува. Законот е ист 10 години. Разликата е што досега имаше начин како граѓаните да не ги пријават, а УЈП да не знае дека постојат.
Дополнителен проблем нема да имаат ниту граѓаните кои работат во странство, а живеат овде, вели Рафајловски – доколку ги оправдале своите приходи, бидејќи земјава со повеќе држави има склучено договор за двојно оданочување.
Рафајловски вели дека ова е пракса во повеќето држави. Сите одат во тој правец- да се знае потеклото на парите, од каде доаѓаат и што значат.
Едно истражување на Фајненс тинк покажува дека 2% од населението меѓудругото преживува и со дознаки од роднини од странство.
Додека според неофицијални податоци, македонските иселеници на сметките на роднините годишно во просек префрлуваат една и пол милијарда евра.