Нема веќе претрчување на Бит Пазар – Се поставува ограда висока метар и половина


Она што пред околу 4 месеци го започнаа јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ деновиве продолжи со реализација. Станува збор за оградата на средишниот дел на жардиниерата на булеварот „Крсте Мисирков“ на Бит-пазар.

Foto - Sitel.mk

Foto – Sitel.mk

Ова е проблем кој со години го закочува сообраќајот на овој булевар. Реализиран беше надвозник со лифт кој речиси никој не го користи, потоа се поставија и семафори исто така залудно.

Последна мерка е оградата. Отворен е уште еден пешачки премин на местото каде е надвозникот, а на останатиот дел од булеварот се поставува ограда со која треба да се спречат граѓаните од претрчување, односно непрописно преминување на улицата.

Се надеваме дека после поставувањето на заштитната ограда ќе проработи совеста на граѓаните и конечно ќе се реши овој долгогодишен проблем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1