Родилките повеќе нема да имаат право да бираат на кој начин ќе се породуваат. Имено според новото упатство, гинеколозите можат да прават царски рез само ако има медицински индикации.
Но она што загрижува се алармантните податоци на ФЗОМ за 2013 година, според кои дури 50 проценти, односно секоја втора охриѓанка и стружанка биле породени по пат на хируршка интервенција, пишува порталот zdravstvo24.mk. Доста висок е и процентот на ниво на држава. Директорот на чаирската гинекологија вели дека овие бројки можат да се намалат.
Може да се намали тоа. Знаете, има и такви уште не влегле во ординација а велат сакам со царски. Друга уште не останала бремена а кажува како сака да се породи. Секако, тоа не е во ред. Има барања ама ние одлучуваме дали може така, вели др. Мендух Јегени директор на Гинекологија Чаир
Од 20.463 раѓања лани, 6350 биле со царски рез. Постари родилки, близначка бременост, ХИВ позитивни се со индиција за вакво породување. Но предностите од вагиналното, според гинеколозите се неспорни. Не одат под нож, тоа е доволно. Ние секако и за едното и за другото породување пишуваме зошто и како, вели Јегени. И додека во Македонија има драстично зголемување на породувањата со царски рез, во земјите од регионот има намалување. Ако во Македонија е 29 проценти, во Словенија и Хрватска е за десет проценти помал.