Google направи автомобил кој се управува без волан, и ќе направи уште стотина такви, откри Сергеј Брин коосновач на овој технолошки гигант.
Според неговата ијава Google ќе направи 100 прототипски возила кои ќе возат сами, што значи дека во нив нема волан, нема кочници и педали за гас.
Наместо сето тоа, постои копче “тргни” и “застани” . Кога ќе притисните тргни, функцијата на возилото ја преземаат комбинација од сензори и компјутери.
Ова возило нема да биде на продажба . Компанијата на својот блог објави дека тоа би го работела во партнерство со некоја друга фирма.