Граѓаните на секаков начин се обидуваат да се заштитат од загадениот воздух во главниот град. Во последните неколку денови нивото на штетните ПМ10 честички во воздухот во повеќе скопски населби беше и до 10 пати над дозволеното.
Како еден од начините за заштита граѓаните ги користат маските со активен јаглен. Најевтините се 140 денари и нивниот рок на употреба е 120 часа, а во една од аптеките може да се најдат маски и за 900 денари. Од аптеките велат дека деновиве маските се трошат многу бргу и дека ги потрошиле резервите, а нов дотур очекуваат од понеделник. Уште од рано изутрина аптеките беа полни со граѓани кои прашуваат кога ќе добијат нови маски.