Немате право на поинакво мислење: ЛГБТ со мобинг, тормозење на хетеросексуалците


ЛГБТ заедницата нема храброст да се соочи со мене на суд и затоа поднесува пријава со што му дава „жежок костен“ на обвинитеството и го користи против нас, вели Миленко Неделковски за Нет Прес, по пријавата која Хелсиншкиот комитет и Коалицијата „Сексуални и здрави права на маргинализирани заедници“ ја поднесоа против него и неговиот колега Јанко Илковски за ширење на говор на омраза и повикување на насилство.

janko-milenko

Неделковски за Нет Прес вели дека најпрво подносителите на пријавата лажат дека се работи за кривична пријави бидејќи според закон се поднесува само пријава, а потоа се оценува дали таа е основана или не. Тој додава дека едвај чека да се сретне со нив на суд, но со потегот што го направија ставајќи го Јавното обвинителство меѓунив, само покажуваат дека немаат храброст тоа да го направат.

„ЛГБТ заедницата нема храброст лично да поднесе против мене тужба бидејќи се плашат дека ќе добијат контратужба. Тие оставија Јавното обвинителство да ја турка работата за нив. На овој начин соросовата заедница се обидува да манипулира преку обвинителството. Доколку се дојде до суд, јас имам 25 јавни личности кои ќе сведочат во моја корист“, вели Неделковски.

Вториот кој доби „кривична“ пријава, Јанко Илковски за Нет Прес, пак вели дека оваа ситуација треба еднаш засекогаш да се разреши на суд, бидејќи ова што ЛГБТ заедницата им го прави на хетеросексуалците е класичен мобинг, тормозење и обид за загушување на човековите права и правата на говор.

„Ова е пародија и срамно како за ЛГБТ заедницата, така и за се она што се залага. Имам чувство дека вистинските проблеми на оние кои наводно ги застапуваат во суштина се само интереси кои немаат никаква врска со човековите права. Ако се оди по нивната логика, секој кој дал лош коментар за нив не само на мојата страна, треба да добие пријава. Треба да се тужат и Цукенберг и Фејсбук затоа што секој знае дека фб банира, брише и забранува коментари кои не се во склад со политиката на Фејсбук, а секој може да ги пријави и истите да исчезнат.Јас би сакал да се разреши ова еднаш засекогаш на суд затоа што ова е мобинг, тормозење и обид за загушување на човековите права и правата на слобода на говор. Ако треба и во Стразбур, затоа што знам дека правдата е на моја страна, а и тие знаат, но вака само сакаат да добијат медиум ска поддршка бидејќи им изостанува, драматично ја немаат на терен од оние на кои се повикуваат“, вели Илковски за Нет Прес.

Социолозите сметаат дека семејството е суштинско и за развојот на личноста на детето, при што се всадуваат навики, норми и вредности, кои се општествено посакувани и правилни и со помош на кои детето во подоцнежниот свој живот ќе ги насочува своите активности и ќе ги реализира своите аспирации и кои секако ќе станат дел од неговиот морален и вредносен дискурс.

На овој начин ЛБГТ заедницата врши тиранија врз мнозинството. Правејќи дека се бори за своите права, ЛГБТ заедницата ги нарушуваат човековите слободи и права на сите останати. Тие се агресивни кон сите оние кои мислат поинаку од нив и им забрануваат на останатите да имаат сопствен став, истовремено барајќи нивното мислење да биде почитувано.Премногу од очигледно е дека зад поднесувањето на пријавите се крие политичка заднина. Хелсиншкиот комитет, кој единствено постои во Македонија, е финансиран со пари на СОРОС. На тој начин се користи ЛГБТ заедницата како уште еден механизам за пресметка со неистомислениците или во случајов со Неделковски и Илковски. Дека СОРОС ги користи сите механизми и дека членовите во нивните огранизации практично им се „деца за се“, ни покажува и фотографијата од последниот студентски, кој слодободно може да се нарече, опозициски митинг на младината, каде јасно се гледа поддршката од ЛГБТ заедницата, пишува НетПрес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1