Немој да сте себични на вашите баба и дедо им треба да се чуствуваат сакани


Доколку вашиот живот е премногу урбан сепак не смеете да заборавите… Најмалку што можете да направите за своите баби и дедовци е да се грижите за нив, така да чувствуваат дека се сакани.  Ним и е тоа и те како потребно. Да не се чуствуваат дека веќе немаат зошто да живеат, дека се бескорисни, дека никој не мисли добро за нив. Некогаш ќе не изнервираат, некогаш се како мали деца прават бербат НО НЕ ЗАБОРАВЕТЕ ТИЕ ВЕ ИЗРАСНАЛЕ И СЕ ШТО ИМААТ ВИ ПОДАРИЛЕ ВАМ.

babasakanje

Секогаш кога ќе ги одбиете да одите на ручек за нив тоа е голем удар – веднаш се нерасположени иако можеби нема да ви кажат. Размислете за вас тој ручек е можеби товар во и така пребукираниот ден полн обврски но за нив тоа е единствено нешто што им се случува – бидете малкју повеќе чуствутелни, дајте им нешто да се радуваат  ЗАСЛУЖИЛЕ!! 

Поминувајте време со нив

Кога вашата баба и дедо ве поканат на ручек немојте да смислувате глупави изговори за да ја избегнете средбата. Колку и да сте зафатени, мора да најдете барем малку време за нив.

Прошетајте ги

Наместо сами да ги пуштате до аголот на улицата подобро излезете со нив и заедно прошетејте. Тие заслужуваат поголемо почитување, а за нив таквата прошетка навистина е голема работа.

Насмејте ги

Смеењето е лек, а без оглед на тоа колку години имаат и дали се здрави или не, смеењето ќе ги расположи и ќе ви помогне да се поврзите. Секогаш трудете се да ги насмеете.

Дарувајте им подароци

На бабите и дедовците подарете им нешто со што ќе им измамите насмевка на лицето. Не е важно дали подарокот ќе биде нешто што им е потребно во куќата или само ситница, тие ќе се изразуваат бидејќи мислите на нив.

Немојте да им се лутите

Запомнете дека бабите и дедовците не се на ваши години и често ќе прават работи кои ќе ве иритираат. Но, доколку дозволите нешто да ве налути само ќе го покажете своето детинесто однесување, а расправијата со нив не е опција.

Помагајте им

Кога и да имате време понудете се да одите на пазар наместо нив или да им помогнете во домашните работи.

Слушајте ги

Навистина слушајте што зборуваат. Од постарите може многу да се научи.

Извор – Скопје Инфо 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1