Ненадејно почина познатиот српски новинар и твитерџија познат под никот ,,Покојна Милева,,


Новинарот Борис Триван вчера ненадејно почина во Берлин во тек на предавање на кое учествувал со колеги.

На уредникот на порталот Noizz му запрело срцето, и лекарите можеле само да констатираат смрт.

Триван е роден 1979 година во Зрењанин, а последната децинија живееше и работеше во Белград. Славата ја стекна преку Твитер користејќи го прекарот Покојна Милева. Пишуваше и колумни за „Курир“.

-Милева го почна својот живот (да не кажам смрт) како интерна шега со моите пријатели на Фејсбук. Роден сум во една духовита, но патријахално семејство склоно на комунизам и 20 години се занимавам со археологија, од кои 10 поминав копајќи по Египет и превртувајќи мртви луѓе во песок. Претпоставувам дека духовитата, мртва партизанка, со цврсти морални начела е сосема логична „последица“ на мојот досегашен живот, објасни своевремено Триван зошто го зел името Покојна Милева на Твитер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1