Во неделата млада жена видела 40 долари на нејзиниот автомобил и порака од непознато лице.
– Забележав налепница на задниот дел на вашиот автомобил, пишува на почетокот на пораката. На налепката на нејзиниот автомобил пишувало „Половина од моето срце е во Авганистан“.
– Однеси го својот херој на вечера кога ќе се врати дома. Ви благодарам на двајцата. Нему што се приклучил кон воените трупи и тебе што го чекаш, пишувало на пораката потпишана со „Американски ветеран“ а на дното, „Господ да ве благослови“.
Жената која ја добила пораката, Саманта Форд, мајка на две деца, одлучила веднаш да ја сподели на Фејсбук фотографијата со ливчето и да им покаже на луѓето каква убава работа и се случила.
– Не постојат зборови кои би опишале како сега се чуствувам, изјави таа.
Фотографијата ја лајкувале милион ипол луѓе, под неа се напишани 43.000 коментари и „споделена“ е 200.000 пати