„Непознавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите како македонскиот“


“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови, изроди, како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

Гоце Делчев (4 февруари 1872 – 4 мај 1903)

Денеска се навршуваат сто и единаесет години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

goceНајголемиот македонски револуционер е убиен од отоманската војска на 4 мај 1903 година во селото  Баница. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО  работел на создавање мрежа на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Во зачуваните писма Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население: „Успехот на борбата ќе дојде со планомерна работа со која ќе им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи, Арнаути. Ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во животот и, тогаш, тие добороволно ќе ни подадат братски рака, здружно ќе ја продолжиме сестраната борба. Јас така и го разбирам светот: како поле за културно натпреварување на народите“.

Делчев се противел на подигнувањето на Илинденското востание сметајќи дека е прерано, но неколку месеци по неговата смрт во Крушево започна востание кое беше задушено во крв по десет дена.

Ќе се отвора гробот  на Гоце Делчев?

goce delcev1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1