Бомбашкиот напад на автобусот на Борусија Дортмунд допрва ќе се расветлува, а германската полиција интензивно трага по сторителите.
Во меѓувреме, се прават и анализи за евентуалните последици кои можеа да бидат и многу пострашни, доколку автобусот не бил опремен со непробојно стакло.
По трите страшни експлозии, ова стакло е скршено на две места, токму од него настрада раката на дефанзивецот Марк Бартра кој синоќа беше и опериран, но јасно е дека сепак е избегната многу поголема трагедија.
„Ова засега го водиме како случај за убиство. Пронајдено е и писмо на местото на инцидентот, но се уште се утврдува неговата автентичност. Ќе сториме се за да ги откриеме сторителите, но засега не можеме да откриеме ништо повеќе“, изјави истражниот обвинител на овој случај, Сандра Лике.