Несакал да го убие Aнгел туку се бранел, ножот не бил негов – Сведоштво на убиецот на Ангел


Ножот не бил негов и не знае како се нашол кај насипот ова е накратко верзијата на обвинетиот Насер Ештрефи  кој  прв пат проговори во судницата за убиството на матурантот Ангел од пред една година, јавува Канал 5

angel ubiec mk

Велосипедот  што го украл од куќата на Петковски го фрлил десетина метри подолу и избегал кон насипот. Таму се соочил со ангел кој како што рече го фатил за врат и го удрил со бокс во тилот. Дошол и таткото Сашо Петковски кој го удирал со дрво по што паднал на земја и тогаш  го забележал и го зел ножот. Рече дека не видел ниту кого погодил ни колку пати. Ножот кој се уште не е пронајден, Ештрефи рече дека му паднал од рака по последниот удар.

По ова избегал и не видел што се случило со оружјето. Се скрил зад кука во близина и кога видел полициско комбе се предал

Додека Ештрефи даваше исказ, мајката на Ангел стоеше се свртен грб кон него и можеше да се забележи дека плаче. Адвокатот на Ештрефи предложи  реконструкција и соочување на обвинетиот со таткото на ангел но судијата ги одби. Завршни зборови се закажани за 1јули по што следува пресуда.

Видео Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1