Несреќата е човечка грешка – Обвнителството за трагедијата на мостот


Обвинителството на Италија излезе со изјава за трагедијата по падот на надвозникот во близина на Џенова.

Станува збор за човечка грешка , изјави шефот на канцеларијата на јавниот обвинител на Италија, Франческо Кози. Како што изјави Кози , по завршување на акцијата за спасување на евентуалните преживеани и пронаоѓање на телата на сите загинати , истражителите на обвинителството ќе почнат со анализа на ,,сите аспекти поврзани за развој , инженеринг и одржување на мостот.

До сега во трагедијата кога се урна надвозникот на автопатот А10 загинаа 42 лица, меѓу кои и деца. Во моментот на несреќата , по надвозникот се движеле 30-35 автомобили и 3 камиони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1