Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел „од време на време“ дејствува во Сирија за да ја спречи испораката на оружје за израелските непријатели, информираа американските медиуми.
Изјавата на Нетанјаху е досега најјасното признание за израелските активности во соседна Сирија.
Се смета дека од почетокот на војната во Сирија Израел извел повеќе воздушни напади врз сомнителни конвои со оружје и други цели, стравувајќи од евентуални испораки на модерно оружје за групата Хезболах во Либан.
Нетанјаху и други високи израелски функционери претходно напоменаа дека Израел дејствува во Сирија, но одбиваа да коментираат за конкретни напади.
Изјавата е дадена во момент кога Израел и Русија градат механизам за воена координација во Сирија.