„Нетфликс“: Наскоро следи документарен филм за српскиот тенисер Ѓоковиќ


Драмата која се случи околу пристигнувањето на Новак Ѓоковиќ во Австралија по повод Отвореното тениско првенство на Австралија ќе биде прикажана во документарен филм на „Netflix“, пренесува „Daily Mail“.

Тоа ќе биде вид тениска верзија на документарниот серијал „Drive to Survive“. Наводно, филмската екипа веќе е во Австралија.

Серијата ќе ја снима лондонската „Box To Box Films“, а извршен продуцент ќе биде Џејмс Геј Рис. Странските медиуми велат дека филмската екипа ќе го следи тенискиот тим во текот на целата сезона и наводно ќе добие пристап до области како што се соблекувалните и салоните за играчи

Така, документарен филм кој ќе прикаже досега невидени детали за драмата на Ѓоковиќ во Австралија, може да го популаризира тенисот како спорт.

За потсетување, на Ѓоковиќ, кој не беше вакциниран против коронавирусот, му беше укината визата набргу по слетувањето во Австралија. Ѓоковиќ вчера беше потврден на официјалната ждрепка за Австралија Опен и покрај неизвесноста дали владата по вторпат ќе му ја укине визата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1