Авионот кој ги пренесувал бразилските фудбалери, кој се урнал во Колумбија, паднал бидејќи екипажот ја барал видеоиграта која ја изгубил еден од играчите, било откриено.
Имено, поради потрагата авионот доцнел со полетувањето, што довело до тоа да задоцнат да дополнат гориво во Цоби, бидејќи аеродромот бил затворен. Чартер летот на кој биле припадниците на екипата на Шапекоенсе, морал да чека слетување на аеродромот Меделин, но пред слетувањето останал без гориво и се урнал.
Причината за доцнењето била откриена во пораката на загинатиот директор на клубот, Чињо Ди Доменика, која им ја пратил преку “WhatsApp” на останатите фудбалери пред да полетаат.
Демерсон Коста, голман и еден од седумте фудбалери кои не патувале со својот тим во Колумбија, рекол дека тоа била последната порака пратена во заедничката група на “WhatsApp”.
“Групата ни служи за забава, таму праќавме смешни пораки и фотографии, нешто што би не насмеало. Пред натпревар некогаш си праќавме пораки за поддршка и си посакувавме среќа. Тој ден сите се охрабрувавме, а ние кои не заминавме им кажавме на останатите да не направат горди”.
“Последната порака ја прати Чињо. Исмејуваше еден фудбалер бидејќи го задржува летот од Боливија, бидејќи заборавил да ја земе видеоиграта од својата патна торба пред да ја однесат. Напиша дела летот доцнел бидејќи се обидувале да ја пронајдат.”
Се верува дека неговата торба била пратена на аеродромот во Сао Пауло, каде екипата се качила на првиот лет, а неименуваниот играч тогаш побарал од персоналот да ја најдат неговата торба, за да може да си ја земе видеоиграта.
30-годишниот голман Демерсон, кој тој ден не патувал на натпреварот бидејќи се повредил две седмици претходно, на својот најдобар пријател Бруно Рангел му пратил порака преку “WhatsApp”.
“Му посакав среќа и безбеден пат, и му порачав да ми јави кога ќе пристигнат. Кога ја пратив пораката авионот веќе полетал, па пораката не му била доставена. Цела вечер чекав да видам дали ќе биде доставена. Си легнав бидејќи мислев дека не се пристигнати, со оглед на тоа дека летот доцнеше”, рекол тој.
“Се разбудив во четири наутро и мојот син плачеше. Тој има две години, исто колку и ќерката на Бруно. Погледнав во мојот мобилен телефон, имаше многу пораки. Не можев да верувам што читам. Се пресоблеков и заминав на стадион”.
“Размислувам за секој играч што загина, се сеќавам на нашите спомени… Не можам да застанам на терен знаејќи дека пред само неколку дена таму играа моите соиграчи”, порачал Демерсон.