Неверојатна приказна – како волкот стана куче – припитомување на волкот!


Нешто што го натерало волкот да им пријте на логорите на нашите предци можеби била храната, можеби нешто сосема друго, нешто метафизичко. Што и да била причината што ја натерала оваа ѕверка на такво однесување, тој во еден момент станал дел од логорот и станал куче. Сам по себе се припитомил и избрал да ни биде вечен сопатник.

Но, како навистина бил припитомен волкот?

BrKJsxGIIAA7MQC-640x426Најновите истражувања покажуваат дека волкот е припитомен многу порано отколку што мислевме, па се смета дека тоа се случило уште пред 14.000 години. Експертите кои се занимаваат со праисторијата на човештвото ова им е посебно интересно, бидејќи тогаш се ловело во заседа, а кучето не било потребно за ова, а не е ни прикажано на праисториските цртежи.

Дури кога човекот започнал да лови во хајки, кучето се покажало како драгоцено суштество, неопходно доколку треба нешто да се улови. Тогаш имало смисла да се направи обид за припитомување на волкот и неговото постепено претворање во куче, но тој, изгледа веќе бил припитомен.

И тоа, најверојатно, без никаква човечка интервенција.

Можно е волците отсекогаш да биле свесни за човечкото присуство во својот животен простор. Посетувањето на места на кои луѓето оставувале уловени животни, поточно нивните лешови од кои земале се што им е потребно, бил еден од начините на кои можеле да преживеат.

Со текот на времето, тие одлучиле да им пријдат на човечките населби и да се хранат со остатоците од храната која хомо сапиенсите би ја фрлале во близина на логорот. Како што поминувало времето, животните одлучиле да живеат во близина на човекот и се пареле со други, слични животни кои имале иста животна филозофија, со што креирале нови генерации на суштества чие присуство за луѓето е потполно нормално, па дури и неопходно.

На овој начин логорските волци, станале логорски кучиња. Суштински гледано, кучето се припитомило самото себе. Научницие се уште немаат одоговор на затоа што го натерало ова прекрасно суштество да стане прекрасно на друг начин, но би требало да им бидеме благодарни што го направиле тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1