Приказни и игри им помогнале на децата да ги преживеат двата пеколни дена во хотелот „Ригопијано“ урнисан и сосема покриен од снежната лавина во централна Италија, а деталите од нивното спасување ги пренесе весникот Месаџеро.
Две момченца, 10-годишниот Едоардо ди Карло и 8-годишниот Самуел ди Микеланџело, играле билјард кога врз хотелот се урнаа 120.000 кубни метри снег, кои налетале на објектот со брзина од 100 километри на час.
Во воздушниот џеб кој се наоѓал отсечен од другиот дел на објектот, тие се нашле заедно со 5-годишната Лудовика, најмладата ќерка на готвачот Џампјер Парете, кој успеал да ја спаси. Во соседната просторија биле неговата сопруга Андријана и 9-годишниот син Џанфилипо, кои беа излечено први по 40 часови минати под снегот и остатоците од објектот.
Како повозрасен, Самуел ја преземал врз себе одговорноста за помладите. Тој разговарал со Андријана и ѝ раскажувал приказни.
Состојбата на децата, според педијатрите, била сосема задоволителна и тие во понеделниот ја напуштија болницата. Како што пишува Месаџеро, на сите преживеани им била укажана помош од психолози, и засега се избегнува да бидат прашувани за деталите за несреќата, за да не доживеат уште поголем стрес.
На 18-ти јануари вечерта, врз планинскиот хотел во планинскиот масив Гран Сасо во централна Италија се сруши лавина, предизвикана од серијата од четири силни потреси кои претходно истиот ден ја погодија областа.
Две лица се спасија, бидејќи во време на несреќата биле надвор од објектот, кој е затрупан под дебелиот слој снег, а неговата конструкција е поместена за десетина метри. Според процените на стручњаците, масата на лавината е еднаква со 40 натоварени камиони.
По 48 часа од несреќата спасувачките екипи објавија дека од под лавината извлекле пет лица, од кои четири се деца кои се водеа како исчезнати.
Една седмица по трагедијата, додека уште се води потрагата по исчезнатите, моменталната состојба е бројот на жртвите се зголеми на 18, а уште 11 лица се водат за исчезнати. Спасени се 11 луѓе, од кои четирите деца, вклучително и двајцата мажи кои кобната ноќ минатата среда во време на уривањето на лавината биле надвор од хотелот и се засолнале во нивните возила.