Од Египет до Англија, откриени се многу мумии со темно и чудно минато. Тешко е да се поверува, но со децении по смртта овие луѓе се уште ја кажуваат својата приказна.
1. Ева Перон
Легендарната жена на аргентинскиот претседател Хуан Перон починала на 26 јули 1952 година. Имала само 33 години, кога починала од рак, а потоа нејзините посмртни останки биле сочувани и изложени пред ожалостените граѓани. Три години подоцна, анти-перонистичките милитанти го украле нејзиното тело, кое по 15 години било вратено на нејзиниот маж. Денес нејзините останки почиваат во семејна гробница на нејзиното семејство.
2. Ла Дончела
Телото на Инка девојче кое во време на смртта, пред повеќе од 500 години кога имала само 15 години, е неверојатно зачувано. Девојчето најверојатно било жртвувано. Нејзиното тело е откриено во 1999 година заедно со телата на уште две деца на вулкан во Аргентина. Иако жртвувањето сигурно делува како трагедија, најдени се докази дека девојчето боледувало од болест слична на туберкулозата и дека заедницата во која живеела направила се да не страда при усмртувањето.
3. Влажна мумија
Додека траела изградбата на новиот пат во 2011 година, патарите во Кина откриле тело на жена која живеела пред 600 години, во време на династијата Минг. Името Влажна мумија или The Wet Mummy го добила по тоа што наспроти влажните услови, нејзината кожа и коса останале речиси недопрени. Покрај самото тело, најдени се неколку многу вредни предмети меѓу кои се наоѓа прстен од жад на нејзиниот среден прст и сребрена лента која се уште ја држи нејзината коса. Процесот на мумификација многу ретко се изведувал во Кина, што ова откритие го прави уште позначајно. Археолозите веруваат дека недостигот на кислород во влажната земја околу нејзиното тело придонело за тоа ниту една бактерија да не го оштети телото и со самото тоа да го зачува.
4. Човек од Гробол
Во 1952 година неколку мумифицирани тела се најдени во Данска, но ниедно тело не било толку добро зачувано. Телото на 30 годишен маж старо 2.000 години најверојатно послужило во ритуал на жртвување, судејќи според длабокиот рез на вратот.
5. Тутанкамон од Торки
Откако Англичанецот Алан Билис умрел од рак на белите дробови во 2011 година, неговите останки биле донирани на научници, со што станал прво мумифицирано тело по речиси 1.000 години. Кога неговата жена ја прашале за тоа како се чувствува поради тоа, таа рекла: Јас сум единствена жена во земјата која има мумија за маж.
6. Рамзес трети
За разлика од другите мумии од времето на владеењето на Рамзес во Египет, неговите останки покажуваат докази дека не умрел од природна смрт, туку дека бил жртва на убиство. Неговиот врат е длабоко пресечен, а многу историчари веруваат дека го убиле родените синови.
7. Принцезата Укока
По 2.500 години, оваа сибирска дама се уште има тетоважа која ја имала додека била жива. Научниците кои ја откриле објаснуваат дека била членка на номадското племе Пазирик кое живеело во планините на Сибир и за кое се верува дека правеле тетоважи да можат полесно да се најдат меѓу себе во задгробниот живот.
8. Даши-Доржо Итиглов
Итиглов својот живот го поминал како будистички лама Бурјата, почнувајќи го своето духовно патување од својата 16 година. Во 1927 година наводно на своите ученици рекол дека дошло време да премине во нов живот и побарал од нив да му се придружат во медитацијата. Починал сред медитација, а потоа бил погребан во сандук од боровина во седечка положба, т.н. лотос положба. Од тогаш два пати бил ексхумиран и наспроти тоа што немало никакво мумифицирање на неговите посмртни останки, неговото тело покажува знаци на лице кое умрело само пред 36 часа, а не некој кој е мртов околу 100 години.
9. Мумијата на експедицијата на Френклин
Надевајќи се дека ќе го пронајде Северозападниот премин во 1845 година, експедиција од над 100 луѓе се упатиле кон Новиот свет. По пет години, без никакви вести од нив, останките од три лица Џон Торингтон, Џон Хартнел и Вилијам Брејн биле откриени закопани на островот Бичеј на канадската територија Нунавут. Во 1984 година антрополозите отпатувале до замрзнатиот остров и ги ексхумирале телата на луѓето, кои биле исклучително добро сочувани поради зимските услови. Биле во состојба да ја откријата причината за смртта, која покрај климатските услови поволни за воспаление на градите, вклучувала и труење со олово предизвикано најверојатно од системот за дестилирање на водата на бродот.
10. Литопедионска бременост
Во 1955 година Мароканката под името Захра Абутилаб отишла во болница за да се породи за прв пат во животот. Кога и било кажано дека мора да се прави царски рез, многу се исплашила и не се согласила на таа операција. Подоцна детето умрело во нејзината матка, но таа одбила да биде извадено. Речиси 50 години подоцна, повторно отишла во болница, а лекарите откриле нешто за што верувале дека е тумор. Набрзо сватиле дека се работи за калцификувани останки од бебе. Нејзиниот случај е екстремно редок и само 300 слични случаи биле регистрирани во целата историја.
Мумификацијата е чудно и мрачно чуство која ја присвоиле многу култури. Било природно луѓето да сакаат да ги зачуваат своите сакани кога тие умирале. Простувањето никогаш не било лесно. Сепак, многу е чудно како овие приказни излегле во јавност по толку многу години, па дури и векови, кога нивните главни јунаци биле живи.