Во текот на шеесеттите години, австралискиот атлетичар Рег Спирс се нашол во Лондон без доолно пари да купи авионска карта. Очајнички сакајќи да присуствува на роденденот на својата ќерка, одлучил себеси да се транспортира во дрвена кутија.
„Јас само помислив за тоа и веднаш одлучив да ја спроведам идејата во реалност“, ја почнува својата приказна Рег Спирс.
„Од што требаше да се плашам? Од темнината сигурно не. Па јас само седнав во кутија. Тоа не беше многу поразлично од вообичаениот начин на патување – и во двата случаи си принуден да седиш цело време.“ Спирс овој настан не го смета за нешто големо или важно, но неговиот потег во тоа време крена многу прашина во медиумите во Австралија. Спирс во Велика Британија отишол со надеж дека ќе биде во можност да ја излекува повредата што стави крај на неговата кариера.
Како успешен во фрлање копје, планирал да учествува на Олимписките игри во Токио во 1964 година. Кога било јасно дека нема да биде во можност да закрепне, Спирс почнал да работи на тоа како да собере доволно пари за да се врати во Австралија. Проблемот настанал кога неговиот паричник бил украден со целата негова заштеда.
– Работев во карго одделот, па веќе знаев многу за натовар, истовар и транспорт. Знаев колкава е максималната дозволена големина на багажот, па прашав еден пријател да направи дрвена сандук во должина од метар и половина – рекол Спирс.
Сандакот му овозможил да седи со испружени нозе, или да лежи на грб со свиткани нозе. Страничните капаци од сандакот имале дрвени сидра со кои било можно да се управува одвнатре, така што Спирс можел да излезе надор во кој било момент.
За сандакот да не би бил сомнителен, назначено е дека е за голема количина на боја, за фиктивна австралиската компанија за изработка на чевли.
Спирс знаел дека цената на овој вид на транспорт ке ја надмине цената на билетот, па се определил за плаќање при испорака и одлучил да размислува за тоа кога ке пристигне во Австралија.
– За време на патувањето ми се случија неколку непријатни ситуации. Меѓу Лондон и Париз, сфатив дека морам да одам во тоалет, па за таа цел искористив кутија од конзерва. Ја стаив кутијата на страна, користејќи ја можноста да ги истегнам нозете. Меѓутоа, авионот во тој момент почна да слетува и во напад на паника влегов набрзина во кутијата, заборавајќи на конзервата. Носачите на багажот во Франција мислеа дека некој луд Британиц намерно им приредил ваква шега. Ниту еднаш не се посомневале на кутијата – смеејќи се рекол Спирс.
„Следното одредиште беше Бомбај. Толку ми беше топло така што морав да се соблечам гол. Замислете колку комично би било некој во тој момент да ме најдеше гол. Во текот на пренесувањето на сандакот ме свртеа на глава. Нозете ми беа кренати во висина, се потев како луд, но не сакав да се откажам. Чекав стрпливо“, ја продолжува приказната Спирс.
Кога авионот конечно слетал на дестинацијата, Спирс веднаш знаел каде е.
– Слушнав пцуење на работниците поради тешкиот сандак, и го препознав нивниот акцент. Бев повторно на цврсто тло. Се чувствував прекрасно. Фантастично. Успеав да ја реализирам својата идеја. Знаев дека ќе ме однесат потоа во дрвен склад. Таму имаше гајба со пива. Не пијам инаку, но тогаш змав едно шише и го испив со задоволство. Продупчив дупка во ѕидот и излегов. Чувари немаша наоколу. Скокнав од прозорецот на улица и отидов во градот. Да, тоа беше толку едноставно – рекол Спирс.
Стопирал до дома, но на семејството ништо не им рекол. Неговиот пријател, меѓутоа, се загрижил за него. Од очајна потреба да дознае дали Спирс е жив и здрав, ги информирал медиумите за поранешниот спортист.
По оваа случка наскоро спортистот стана светска сензација.
Кога дознале за неговата случка и потфат, австралиската авиокомпанија одби да му наплати поштарина.