Популарниот британски маѓионичар Дајнамо го остави целиот свет без зборови откако предвиде се што ќе се случи на Светското првенство во Бразил.
Пред нешто повеќе од две недели Дајнамо беше гостин во студионот на „Скај спорт“ и му даде на водителот коверт кој треба да биде добро чуван и отворен дури по завршувањето на Светското првенство.
Вчера маѓионичарот беше повторно повикан во студиото каде беше отворен ковертот, а во него се наоѓа ЦД на кое тој го предвидува целиот тек на Мундијалот.
Со овие три предвидувања Дајнамо го запрепасти светот:
-Во финале ќе играат една европска и една јужноамериканска екипа и тоа Италија или Германија против Аргентина.
-Една од најголемите ѕвезди Меси, Нејмар или Роналдо ќе доживее тешка повреда на грбот и предвреме ќе го заврши турнирот.
-Во 113-та минута од финалето најмладиот играч на натпреварот ќе постигне гол и ќе ги скрши аргентинските срца.
Навистина неверојатно!