Рубен Немох е 16-годишен тинејџер кој експресно стана топ вест во американските медиуми, само затоа што по три дена поминати во кома , по будењето започнал течно да зборува шпански , а никогаш пред тоа не учел ниту зборувал шпански.
Не само поради тоа што запошнал течно да зборува на шпански, семејството на Рубен било шокирано и од фактот што нивниот син по будењето од кома не знаел ниту еден збор да каже на мајчиниот англиски јазик. Прво што рекол по будењето било „Тенго ханмбре“, што во превод од шпански значи „Гладен сум“. Дури после неколку дена по будењето Рубен почнал да склопува и реченици на англиски.
Инаку младиот Рубен Немох се повредил за време на еден рагби меч.