На аеродромот во Франкфурт е уапсена 24-годишна Колумбијка која во своите гради криумчарела кокаин
Вработените на аеродромот истакнале дека се посомневале дека нешто не е во ред кога при претресот нашле лузни под нејзините гради, а девојката се жалела на голеи болки.
Таа поради болките морала да им признае дека направила операција при која и ја ставиле дрогата во градите.
Ја испратиле во најблиската болница, каде што кокаинот бил отстранет.
Полицијата изјави дека кокаинот бил во вредност од 200.000 евра и дека требало да стигне до пазарот во Шпанија.