Невин лежел во затвор 18 години, со оштетата ќе живее луксузно цел живот


Еден жител на Њујорк кој по 18 години минати во затвор беше ослободен од обвинувањата за убиство ќе добие обештетување од 4,75 милиони долари.

Фернандо Бермудез преку соопштение изјави дека „обештетувањето никогаш нема да ја избрише неправдата“, пренесе New York Post.

kaznetnevin

Бермудез во 1992 година беше осуден на доживотна казна затвор поради убиство на 16-годишно момче, за да во 2009 година надлежниот судија го прогласи за невин.

Неколку очевидци кои го идентификуваа Бермудез како убиец подоцна ги повлекоа своите изјави. Неговите пријатели сведочеа дека тој во моменот на убиството бил неколку километри подалеку.

Јавното обвинителство соопшти дека настојува да „обезбеди оние кои се погрешно осудени да бидат обештетени“

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1