Невработените лица кои за прв пат се пријавуваат во ФЗОМ за стекнување на право на здравствено осигурување, не е потребно да доставуваат и потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија дека се невработени лица, беше посочено на денешната прес-конференција на директорите на ФЗОМ, Кристина Христова и на директорот на АВРМ, Влатко Поповски.
Невработените во Подрачната служба на Фондот ќе треба самода поднесат барање за остварување на право на здравствено осигурување (теркот на барање е достапен преку веб страницата на ФЗОМ, www.fzo.org.mk или на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ).
Со барањето треба да донесат пријава за задолжително здравствено осигурување, копија од извод од Матична книга на родени, односно венчани, копија од лична карта со согласност на подносителот на пријавата и здравствена легитимација.
Од ФЗОМ потсетија и на измените за пререгистрација на невработените. За разлика од досега, ако имаат континуитет во здравственото осигурување, односно во текот на 2014 година извршиле регистрација во Фондот, невработените не ќе мора да прават пререгистриција, односно не треба да доаѓаат во подрачните единици на Фондот и да носат документи на шалтерите во подрачните служби.