Невреме во дебарско, прекинат сообраќајот на неколку патни правци


Големо невреме проследено со силен дожд во вторникот беше причина за прекин на сообраќајот на локалните патни правци што го поврзуваат Дебар со Косоврашка Бања и селото Горно Косоврасти.

30502095-b2f1-4680-8411-62775bdd5c1bРаководителот на единицата на Дирекцијата за заштита и спасување во Дебар, Адмир Горенца, за Макфакс изјави дека блокирањето на патиштата е поради големи наноси на земја и камен на делот од Косоврашки мост до клучката од каде се оди кон селото Горно Косоврасти и хотелот Термал дел од бањскиот локалитет на Косоврашка бања при Дебарски бањи – Цапа .

Екипи на Македонија пат излегоа на терен и работаат на расчистување на патот блокираните патишта.

На влезот од селото Долно Косоврасти има голема поплава, а во неколку куќи поплавени се подрумските простории

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1