Невреме во Дојран: Цел покрив од четирикатница летна (Фото)


Невремето што попладнево го зафати Дојран и околината проследено со силен ветар, град и грмежи предизвика големи штети. Силниот ветер го откорна лимениот покрив на една четирикатница во Нов Дојран, но за среќа нема повредени, иако големи делови од покривот прелетале преку патот што води кон македонско-грчката граница, јавува Утрински Весник.

visokokatnica

Од удар на гром настрада камбанаријата на црквата “Свети Ѓорѓи Великомаченик во Нов Дојран. Од ударот таа е целосна уништена, а според отец Ѓорѓи штетата е огромна.

За четириесетина минути наврнале педесет литри дожд на еден метар, а ветрот дувал со брзина од сто метри на час. повеќе од три часа беше во прекин патниот сообраќај меѓу Дојран и селото Николиќ. Големи количини вода го пресекоа патниот правец, а патниците од двете страни на коловозот дури по истекувањето на водата го продолжија патувањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1