Најмалку 40 лица биле повредени во синоќешното невреме во Софија.
Имено, градот кој непрекинато врнел, повредил 40 лица и тоа во пределот на главата, лицето и меките ткива.
Најголем број од повредените се испратени дома, а дел од нив се задржени на лекување. Со најголема повреда се здобил едно 28-годишно момче, кое било задржано на операција поради повреди на раката и тетивата, добиени од скршено стакло.