Незаконски трошени пари во филмот – и дале 70.000 евра на странска глумица, не се знае која


Странска актерка добила 50.000 за главна улога, а и биле префрлени уште 70.000 евра на сметки на фирма во Шпанија

filmКако што објаснуваат ревизорите, една продуцентска куќа која добила поддршка за долгометражен проект е направен пренос на средства во висина од 4.653 илјади денари од наменска сметка на редовната сметка на продуцентската куќа и дополнителен износ од 495 илјади денари, кои се префрлени на наменска сметка на еден краткометражен проект на кој работи истата продукциска куќа, пренесува Утрински весник.

Продуцентот на истиот долгометражен проект склучил и договор за ангажирање на странска актерка во висина од 50.000 евра надомест за главна улога, за што освен овој износ, префрлени се уште 70.000 евра на сметки на актерката и на сметка на фирма во Шпанија – иако оваа фирма не може да се доведе во непосредна врска со ова лице. Исто така, утврдена е исплата во висина од 37.000 евра кон странска фирма по три примени фактури, на кои не е јасно какви услуги се извршени кон продуцентската куќа. Нема уверување, стои во заклучокот на ревизорите за овој случај, дека значаен дел од средствата се законски и наменски потрошени.

На сето ова реагираше Агенцијата за филм, која вели дека забелешките за неправилно работење и ненаменски исплати на продуцентските компании не значи неправилно работење и ненаменско исплаќање на Филмскиот фонд. Што се однесува до проектот кој е опфатен во конечниот ревизорски извештај каде се прикажува плаќањето на странска актерка, Агенцијата потенцира дека извештајот за истиот проект е во процедура, поради што и средствата за тој проект не се целосно исплатени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1