Никако цедење лимон па на сонце – 2 мали девојчиња со изгореници како од пожар (Фото)


2 мали девојчиња кои биле на одмор со своите родители во Шпанија завршија во болница и минаа низ неколку неделно болно и мачно лекување, а се што правеле е си играле со лимон – цеделе сок на сонце и веднаш потоа се сончале на плажа.

dete-1По шокантните фотографии ќе видите дека дека цедењето лимон на топло време под сонце кое зрачи, а УВ зраците се високи, предизвикува вакви изгоренци како на рацете на овие мали девојчиња.

На нивните раце кој предизвикал изгореници со висок степен слични како изгореници кои се добиваат по допир со оган.

Инцидентоот се случил кога девојчињата пред да заминат на плажа здогледале лимоново дрво, па доошле до идеја да соберат неколку лимони и да си направат сок.

По еден час, тие набрале поголем број на зрели лимони, исцедиле сок, играта им здосадила па решиле да одат на плажата.

ruke-limun

Проблемите со нивните изгореници всушност настанале следниот ден кога тие се разбудиле- нивните раце биле цели потечени и со пликови.

На допир тие чувствувале неподнослива болка. Мајката на едно од девојчињата помислила дека се работи за алергиска реакција на каснување од комарец или пајак, па и дала неколку лекови, но состојбата не се подобрила. Подоцна во денот дознале дека и другото девојче има исти изгореници.

Едното девојче е веднаш пренесено во болница, а родителите на второто девојче итно се спакувале и се вратиле дома за да ја одведат ќерката на лекување.

raka-1

Девојчињата биле во агонија и чуствувале неподнослива болка цела една недела – а по тестовите се утврдило дека оваа реакција е предизвикана од цедењето лимон на сонце.

Сокот од лимон се впил во кожата на девојчињата, а сонцето предизвикало оган кој вушност бил под кожата, и почнал да ја разјадува. Девојчињата примале терапија против болка, против инфекција – цели 2 недели пред да можат воопшто повторно да ги користат рацете.

Според лекарите освен лимон изгореници на човековата кожа може да предизвика и магдоносот, целерот, морковот и смоквите

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1