Американската компанија за производство на авиони „Боинг“ соопшти дека поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли ќе биде директорка во таа фирма.
Хејли на таа позиција ќе биде поставена на годишниот собир на акционери на 29 април.
Хејли (47) беше прва жена гувернер на Јужна Каролина и трипати беше избрана во Претставничкиот дом на Конгресот на таа американска сојузна држава.