Поранешниот претседател на ФФМ, Хари Хаџиристески демантира дека некогаш некој му вршел притисок.
Обвинувањата кои вчера ги изнесе СДСМ се невистинити.
Курир побара изјава од Хаџиристески – дали некогаш од некого добивал закани и притисоци.
-Никаква закана од ниеден политичар немам добиено во целото мое работење во ФФМ. Дали разговорите се вистинити ќе се докаже во институциите на државата. Јас претходно не сум имал закани ,не сум имал побарувања за карти бидејќи гратисите ни беа одредени преку одлука на Управен одбор . Така гратиси добиваа и во парламент и во Влада и во амбасадите како и поранешни спортисти, репрезентативци, селектори. Дополнително ако имало некакво барање сигурно дека ќе сме излезеле во пресрет. Јас на тој момент воопшто не се сеќавам бидејќи бил далеку. Има поминато многу време и многу натпревари, а закани и притосици сум немал никакви. Според она што што не сум имал никакви закани можам да кажам дека се сомемневам во веродостојноста на материјалите што ги пласираат од СДСМ, вели тој во изјава за Курир.
Хаџиристески неколкупати потенцира дека закани не му вршел никој и дека притисоци не примал за време на целото негово работење во ФФМ. За материјалите кои деновиве ги пласираат од СДСМ, ќе чека потврда од надлежните инстутуции.
Курир.мк