Никој не го дружи Драгиша Милетиќ – го избегнувале пратениците


Пратениците на Социјалдемократскиот сојуз го избегнуваат претседателот на нивната коалициона партија, Српската напредна Странка во Македонија, јавува Дневник.

dragisa-miletic-314x320Како што пишува весникот, пратениците на СДСМ целосно се дистанцираат од Милетиќ, никој од нив не сака да седи до него во Собранието, ниту пак да се напие заедничко кафе. Милетиќ за Дневник вели дека од СДСМ веќе не бараат никаков став од него, не го консултираат за ништо и не го викаат на партиските координации.

Никој не ми објасни што се случува. Никој не ме поздравува, со никој кафе не пијам, никој не ме прашува ништо. Ние не сме претшколска установа, туку највисока институција. Истите луѓе од СДСМ со кои преговарав за независна пратеничка група сега одеднаш вртат глава и не ми викаат ниту „добар ден“. Јас за себе знам дека никого не убив ниту повредив, се друго е нивни проблем“  вели Милетиќ за Дневник.

Тој не ја исклучува можноста набрзо да почне да делува како независен пратеник.
Инаку Драгиша Милетиќ беше еден од најгласните пратеници на опозицијата за време на нередите околу донесувањето на буџетот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1