Покрај фактот дека плаќа околу 1.500 долари од час, никој од познатите адвокати не му се јавувал на Бил Козби со желба да го брани. Телевизиската ѕвезда мора да најде адвокат до ноември.
Очекувајќи ново судење заради сексуално злоставување, Бил Козби очајнички бара личност која ќе го брани на суд, пренесе „24 хр“. Неговиот досегашен адвокат од Филаделфија изненадно се повлекол заради наметливото однесување на Козби на суд.