Никој не смее овде – најотровниот остров на светот – змиите со отров „пржат“ човечко месо


Островот Илха де Кеимада Гранде, на само 32 километри од брегот на Сао Паоло во Бразил, е забранета зона – толку е опасен што бразилската Влада сосема забрани да се посетува.

Причината за тоа е што овој остров е дом за 4.000 најопасни змии на светот, кои ловат дури и птици во лет, а убиваат со отров кој може да го стопи човечкото месо.

Илха де Кеимада Гранде, дом на Златната змија, можат да го посетуваат само неколкумина научници со посебна дозвола од владата, за да ги проучуваат змиите. Исто така, повремено на него одат и припадници на бразилската војска за да го одржуваат светилникот изграден уште во 1909 година.

6053654521_4371a41b4do

Се верува дека на островот одат и ловокрадци, кои ги ловат змиите и на црниот пазар ги продаваат за 30.000 долари за парче. Зошто змиите на овој остров се толку опасни, до некаде е мистерија. Според една теорија, пред 11.000 години нивото на морето се подигнало и го раздвоило овој остров од Бразил. Змиите на него останале со ограничени ресурси и единствено што можеле да пронајдат за храна биле птици кои мигрираат.

Затоа морале да го прилагодуваат и својот начин на лов. За да почне нивниот отров да делува најпрво било потребно долго време, понекогаш и неколку дена. Но, до моментот додека отровот да ја убие птицата, таа веќе би била на друго место. Затоа организмот на змиите развил толку силен отров, што убива речиси веднаш.

Во последните 15 години, сепак популацијата на змии на островот е намалена за 15%, најмногу заради промената на вегетаијата и болести, така што тие иако се опасни, се наоѓаат на списокот загрозени видови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1