И, тука ништо не би било чудно доколку властите од Узбекистан не соопштеле дека не знаат која е таа девојка и дека во Узбекистан никогаш не бил одржан избор за Мис.
“Рахима Ганиева никогаш не учествувала во некое натпреварување во Узбекистан. Да се одржал ваков избор за убавина, сигурно ќе одберевме многу поубава девојка. Жал ми е што Ганиева одбрала својата кариера да ја гради на лаги”, изјавил Жавлон Комолов, портпарол на модна агенција од Ташкент.
Она што е интересно е фактот што по спроведените истражувања околу потеклото на оваа девојка, откриен е и податокот дека универзитетот за кој таа тврди дека е местото каде што студира, всушност воопшто и не постои.
Значи, како Рахима Ганиева воопшто дошла во Индонезија на изборот за Мис свет, никој не знае. Претставниците на изборот за Мис свет се уште не дале официјално соопштение за овој настан.