Можеби најпаметниот човек некогаш роден на Земјата, Никола Тесла за многу ни го има олеснето животот на планетава. Секојдневно користиме огромен број негови пронајдоци, но човештвото сеуште не може да разбере се што Тесла зборувал. Тој вели дека постојат три заблуди кои се општоприфатени како чиста вистина и никој не ги доведува во прашање.
1. Заблудите дека Земјата е единствена населена планета, дека луѓето се најразвиена раса во вселената, дека вселената е вакуум без енергија и материја во најголемиот свој дел, освен планетите, ѕвездите и ситните вселенски честички. Нив ги лансираа научниците без никакви факти и докази.
2. Заблудата за настанувањето на болестите, чии последици се и незнаењето и заблудата за начинот на лечење. Иако Тесла ја ставил на второ место, таа е најраспространета и настрашна поради загубата на човечки животи.
3. Заблудата за изворите на енергија. Човекот е премногу концентриран на фосилните горива, само е начната можноста на обновливите извори на енергија, а сите останати извори му се целосно непознати.
Најлошо е тоа што овие заблуди не се ни доведуваат во прашање, а нивното исправување може да ја прероди Земјата и целата цивилизација.