Николоски: Имаме над 70 % раст во авиосообраќајот


Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски изјави дека Владата силно работи на развој на ависообраќајот каде се воведени 28 нови дестинации и силен раст од 30 % на бројот на патници во првиот квартал од годината.

„Тоа е една стратегија која работевме многу во 2024 година. Забележавме дека авиосообраќајот опаѓа многу, се намалува бројот на патници некаде околу 2,5 милиони патници. Создадовме концпет кој не е лесен, разговараме со бројни компании, ги замолував Македонија да ја стават како дестинација. Да не заборавиме дека Македонија нема излез на море, но денеска имаме 28 нови дестинации откако оваа Влада е избрана. Бројот на патници оваа година ќе помине 3, 5 милиони, а во 2027 година очекувам да помине 4 милиони патници, што е некаде за 70% раст. Оваа година скопскиот аеродром е во силен пораст на територија на поранешна Југославија со 30 % раст во првите три месеци, а охридскиот е со 20 % раст. Со завршувањето на реконструкцијата на охридскиот аеродром уште повеќе ќе имаме раст” – изјави вицепремиерот Николоски.

Tags:

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1