Николовски: Има основи да се раскине договорот за концесија за Казандол


Има правни основи да се раскине договорот за концесија за рудникот Казандол во Валандовско, најави вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.ljupco nikolovski sdsm

Тој во интервју за ТВ 24 посочи дека Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за степеност на изграденост на рудникот Казандол и го задолжи Министерството за економија во наредните седум дена да ја информира Владата за степеност на изграденост, но и за можностите за раскинување на договорот за концесија.

– Констатирани се многу неправилности и има сериозни индиции дека не се исполнети сите услови во договорот за концесија. Сметам дека има правни основи тој да биде раскинат – рече Николовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1