Поради нападот на Драганчо Стоименов – Дац, што се случи пред неколку месеци осудени се Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо на десет, односно шест месеци затвор.
Судот ова го одлучи откако исказ даде и оштетениот Стоименов. Обвинителката го преквалификува кривичното дело од обид за убиство во нанесување тешка телесна повреда и за двајцата обвинети.
Стоименов пред судот рече дека критичната ноќ Митревски и Василевски го пресретнале пред неговата зграда, а Василевски кој имал пиштол во рацете моментално пукал во него и го повредил во ногата.
Судот го соочи оштетениот со двајцата обвинети, при што и двајцата обвинети останаа на своите тврдења.
Василевски тврдеше дека не бил на местото бидејќи таа ноќ бил на роденден со својата сопруга, а додека Митревски тврдеше дека Стоименов го собрал од пред Т.Ц. „Бисер” и дека сакал да му покаже снимка на којашто се гледа дека Дац тепа извесен Пановски Типе.
Тој не се согласил да се качи кај него дома, му рекол снимката да ја симне доле, по што двајцата почнале да се борат и во еден момент Дац кој имал пиштол во рацете испукал еден куршум и се повредил во ногата.
Kurir