Меѓуетничкиот соживот во Македонија е богатство кое треба да се негува. Наспроти тоа некој е заинтересиран да ја дестабилизира Македонија, па ги проширува мостовите на нертпеливот меѓу Албаниците и Македонците. Ова е ставот на албанскиот претседател Бујар Нишани, според кого, реакцијата од Албанија околу случувањата во Куманово била коректна и институционална, пренесува МИА.
– Меѓуетнички конфликт би бил погубен за Македонија. Албанија прва ја призна Македонија, ја подржува нејзината евроатланска интеграција, имајќи го во предвид постоењето на албанскиот фактор како државотворен фактор. Албанија има консолидирана надворешна политика и го поддржувала нејзиното ангажирање во евроатланските процеси, изјавил Нишани во емисијата „Tonight Ilva Tare”.
Тој смета дека настанот во Куманово е нејасен, дека пости недостог на транспарентност и информации кои се лицата што се вклучени во него.
– Ние немаме инфрмации околу последиците кои ги претрпе цивилното население. За тоа треба целосна истрага и јавно да се соопшти секој детал од настанот. Во истрагата треба да се вклучат и меѓународните актери. Македонските власти имаат обврска транспарентно да ја кажат состојбата за притворените лица, има ли цивили, како се третираат, изјавил Нишани.
Според шефот на албанската држава, секој кој извршил криминално дело треба да одговара.