Ништо од мирот: Мировните преговори за Сирија се прекинати


Мировните преговори за Сирија ќе бидат привремено прекинати до 25 февруари, соопшти АФП.sirija napad,jpg

Ова го изјави амбасадорот на ОН во конфликтната страна Стефан Де Мистура, кој раководи со оваа конференција во Женева, во која учествуваат делегации на Владата на Башар Асад и опозицискиот Врховен комитет за преговори, создаден под покровителство на Саудиска Арабија.

“Преговорите се прекинати поради комплексноста при дискутирање на процедурални прашања”, изјави Мистура по средбата со претставници на Комитетот.

Во рамките на преговорите во Женева Мистура разговара со претставниците на Асад и опозицискиот комитет, но земјите не влегоа во директен дијалог меѓу себе.

На денешните разговори меѓу Мистура и опозицијата не се дискутирани аспекти на воениот конфликт, изјави амбасадорот на ОН.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1