Нивото на Охридското езеро се уште расте – му се заканува на градот


Неповолните временски услови проследени со врнежи од дожд во охридскиот регион дополнително ја усложнуваат состојбата со водотеците од сливот, како и на самото Охридско Езеро чие ниво и натаму е во пораст. Реките од сливот на езерото веќе на повеќе критични места се излеаа предизвикувајќи материјални штети, најмногу на обработливите површини, пренесува МИА.
ohrid poplavi3Нивото на Охридското Езеро, според последните потврдени информации, е на 694,02 метри надморска височина, што е 27 сантиметри над максимално дозволената кота, но реално водостојот е уште повисок доколку се има предвид што и денеска во регионот интензивно врне дожд и што надлежните служби нЕ ги објавуваат денешните податоци за нивото на водата во езерото.
Високиот водостој веќе создава проблеми во населбите на самото крајбрежје, особено во првиот ред од станбените објекти каде веќе се регистрирани поплавувувања на подземни простории.
Надојденото езеро потопи дел од плажите на источното крајбрежје, забележано е и поткопување на магистралниот патен правец Охрид – Свети Наум, а почвата веќе не може да прими вода, така што под вода се големи површини во непосредна близина на езерото. Студенчишкиот канал веќе е целосно исполнет, водата поплави дел од брегот, додека речиси сите тревнати површини на излетничкиот локалитет  Билјанини извори се под вода. Водата не може да ја прими ниту канализациската мрежа и на многу места има прелевање на шахтите.
ohrid Тоа предизвикува големи проблеми во функционирањето на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, кој нема капацитет да ги прими канализациските и атмосферските води. Проблем при вакви неповолни хидролошки услови е и големото количество отпад што ги носат реките и самото езеро го исфрла на брегот.
Кога се работи за водотоците, проблеми се регистрирани на оние критични точки каде секогаш при зголемен водостој се јавува излевање на реките од своите корита. Регистрирано е излевање на Голема Река од коритото во месноста Средорече, на потегот меѓу селата Велмеј и Белчишта во општината Дебрца.
ohrid poplavi 5Под вода се дворови, обработливи површини, а наместа водата е надојдена до пред самите станбени објекти. Издашноста на изворите во регионот е зголемена, што заедно со врнежите придонесува за зголемување на водостојот на реките од сливот на езерото. Преземени се мерки за намалување на опасноста од излевање, како што е отворањето на пропустите на старото корито на реката Сатеска, но тоа не придонесува за намалување на водостојот на Охридското Езеро.
Ситуацијата и натаму останува неповолна, уште повеќе што нивото на Охридското Езеро и во случај на престанок на врнежите ќе расте, оттаму што тоа ги акумулира сите водотоци од регионот и водата од снегот што се топи од планините од опкружувањето.
Миа
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1