Членовите на бендот Eagles of Death Metal, чиј концерт на 13 ноември во Париз во салата Батаклан го прекинаа терористите убивајќи најмалку 89 лица, за првпат проговорија за парискиот масакр во емотивното интервју за Вајс.
Пејачот Џеси Хјуз низ солзи раскажува како многу фанови на бендот се убиени само затоа што не сакале да ги напуштат своите роднини и пријатели во салата.
-Луѓето се правеа дека се мртви, беа толку исплашени…Една од причините зошто толку луѓе се убиени е што многумина од нив едноставно не сакаа да ги напуштат своите пријатели, и најмили. Многумина стоеја пред другите за да ги спасат, додаде со треперлив глас Хјуз во интервјуто што ќе се емитува на Вајс.
Тој додава дека дел од дел од посетителите се обиделе да побегнат од зградата, а некои се криеле во гардеробата наменета за членовите на бендот. Терористите трчале по нив и пукале, влегувале и во гардеробите и ги убивале тука, вели тој.
Неколку луѓе се скриле во нашата гардероба, но убијците успеале да ги пронајдат и убијат сите освен едно дете што се покрило со мојата кожна јакна, вели Хјуз, видно потресен.