Низ цело Скопје поставувал скимери на банкоматите и крадел пари од кредитни картички


Отсекот за истраги на интернет и електронско плаќање во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Ј.Ј.И. (29) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ по член 271-б став 3 и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по член 274-б став 2 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Ј.Ј.И. во периодот од 12.02 до 24.02.2016 година неовластено набавил уреди за снимање на банкарски податоци и банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носителите на тие платежни картички. Тој, четири пати поставил нелегална опрема за копирање на податоци од платежни картички(скимер уреди) на банкомати на домашни банки лоцирани во повеќе градови во Република Македонија со цел да набави банкарски податоци од вистински платежни картички на македонски државјани и податоци за носители на тие платежни картички. Ниту една банка досега не пријави штета.

Преку Секторот за меѓународна полициска соработка лицето било идентификувано, а било потврдено дека Ј.Ј.И. бил приведен на 14.05.2016 година во Букурешт, Република Романија, исто така, по поставување на скимер уред на банкомат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1