Нобеловата награда за физика за истражувачите на ЛЕД светилките


Нобеловата награда за физика оваа година оди во рацетe на Јапонците Исаму Акасаки, Хироши Амано и Шуји Накамура. Тие ја добиваат наградата за развојот на диоди кои емитираат сино светло и кои овозможуваат извор на светлина кој штеди енергија. Ова го соопшти Кралската шведска академија за науките во Стокхолм.Screenshot_6

Акасаки истражува на Меиџо-универзитетот во Јапонија, неговиот колега Амано истражува на Универзитетот од Нагоја. Во Јапонија родениот американски државјанин Накамура, пак, истражува на Универзитетот Калифорнија во Санта Барбара.

Откритието е старо 20 години. Меѓутоа, работата на тројцата научници овозоможи белата светлина да се користи на сосема нов начин, соопшти академијата. Бидејќи во целиот свет една четвртина од електричната енергија се користи за осветлување, ЛЕД светилките што штедат енергија придонесуваат за значително штедење на ресурсите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1