Нобеловата награда за медицина ја добија тројца научници


Џон О’Киф и брачниот пар Меј Бриф Мосер и Едвард Мосер оваа годна се добитници на Нобеловата награда за медицина

307DE138-D273-4FE9-ADBA-7490372DF043_cx0_cy6_cw0_w308_h173

Тројцата научници успеале да објасни како мозокот создава „мапа на просторот околу нас и како можеме да се движиме по патот низ сложената животната средина“.  Собранието на Нобеловата Академија го опиша ова прашање како проблем кој ги окупирал филозофите и научниците со векови. Наградата изнесува 1,1 милон долари. Со наградата за медицина почнува соопштувањето на добитниците на Нобеловата награда.

Утре и задутре ќе бидат соопштени добитниците на Нобеловата награда за физика и за хемија. Најмногу шпекулации и годинава се плетат околу можниот добитник на Нобеловата награда за мир која се соопштува на 10 октомври. За неа се пријавени рекордни 278 кандидати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1