Ноќеска маж со пиштол ја убил својата сопруга во Мала Речица


Полицијата трага по педесет и три годишниот А.К. кој вчера во тетовска Мала Речица со два куршуми од пиштол смртно ја застрелал неговата 52 годишна сопруга, а се обидел да убие и уште едно лице.

Убиството се случило вечерта во 22.30 на улицата “Љуботенска” , каде осомничениот со пиштол отишол во куќата на мајката и братот на неговата сопруга каде што таа неколку дена престојувала.

Тој ја повикал да разговараат, по што го извадил пиштолот и ја убил сопругата. Набрзо по застрелувањето на сопргугата, на улицата 179 тетовецот пукал и кон такси возило во кое бил педесет годишниот Р.Џ., но не го повредил. Веднаш потоа, осомничениот побегнал со своето возило.

“Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово. На двете места каде е пукано, биле пронајдени и подигнати по две чаури од пиштолска муниција калибар 62 мм и два проектили од истиот калибар како и други траги кои се фотодокументирани и подигнати за вештачење. По наредба на јавен обвинител безживотното тело на починатата било предадено на обдукција. ” – изјави Марјан Јосифовски – портпарол на СВР Тетово.

Мотивите зошто се случило убиството се уште не се познати. Од полицијата велат дека се преземат мерки за пронаоѓање на убиецот, како и целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1